Ракомет
Дибиров: Следната сезона ќе ја поминам во Вардар, клубот ќе биде спасен
Рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров, за кој се почесто и почесто се зборуваше дека ќе замине од Вардар, по се изгледа ќе остане во Вардар и следната сезона.
Вардав викендот стигна во втората титула, европски шампион. Според изјавата на рускиот репрезентативец која ја даде за руските медиуми потврдил дека ќе остане во Скопје, и клубот дека ќе биде спасен
„Следната сезона ќе ја поминам во Вардар. Клубот ќе биде спасен, а ситуацијата е многу подобра“, рече Дибиров.
Во Вардар оваа сезона се играше од љубов, владееше беспарица, но според последните информации ситуацијата е многу подобра, а клубот ќе биде спасен.