Connect with us

Фудбал

Диего Форлан: “Дали Нејмар ќе му ја земеше топката на Меси да изведе пенал?!“

Кавани ја зеде топката од рацете на Нејмар, за да го изведе пеналот и го промаши, потоа Кавани и Нејмар, наводно, имаа жестока расправија во соблекувалната. Говорејќи за Sport 890, поранешниот интернационален колега на Кавани, Диего Форлан, објасни:

“Ако ова е проблем меѓу нив тогаш тоа може да се случи, но нема никаква смисла Дани Алвес му ја даде топката на Нејмар”.

Тој додаде дека:

“Кога играв за Атлетико Мадрид, имав слична ситуација со Серхио Агуеро, но имавме почит еден кон друг. Тренерот треба да избере кој ќе го изведе пеналот и да му каже на тимот. ”

“Нејмар пристигна во клубот како најскап играч во светот, но мора да го почитува Кавани. Тој никогаш немаше да му го стори тоа на Меси во Барселона “.

Advertisement