Connect with us

Фудбал

Диего Годин во Интер ќе добие плата каква што со години барал во Атлетико Мадрид

Уругвајскиот дефанзивец Диего Годин ја изненади фудбалската јавност со одлуката на крајот од сезоната да го напушти Атлетико Мадрид затоа што не сака да го продолжи договорот.

Годин со Атлетико има договор до крајот на сезоната, а многумина веруваа дека сигурно ќе ја продолжи соработката затоа што е еден најважните играчи во овој тим. Но, шпанските медиуми објавија пред неколку денови дека Годин веќе е во преговори со Интер и дека на лето сигурно ќе оди во овој клуб.

Денеска се појави информација дека уругвајскиот фудбалер нема да ја смени одлуката и подготвен е да го потпише договорот со Интер. „Sky Sports“ наведува дека Годин и Интер веќе ги договориа условите и Уругваецот на „Меаца“ ќе заработува околу шест милиони евра.

Наводно, Годин со Интер ќе потпише договор на две години со можност истиот да се продолжи на една година. Платата е договорена на 4.5 милиони евра, но со бонусите годишно ќе инкасира околу шест милиони евра. Неговиот агент би требало да заработи околу пет милиони евра, а јасно е дека Годин во Интер доаѓа како слободен играч.

После сето ова се огласи и тренерот на екипата Диего Симеоне кој порача дека не изненаден што Годин преговара со други клубови. Тој откри дека Атлетико многу работи му вети на Уругваецот, но од тоа ништо не исполниле.

„Знам дека му ветиле доста работи кога минатото лето сакаше да го купи Манчестер Јунајтед. Тие ветувања не се исполнети, ниту се потрудиле да го продолжат договорот со него. Не знам што ќе биде понатаму. Се бара најдоброто решение, а дали ќе замине или ќе остане, тоа сега никој не го знае“, рече Симеоне.