Фудбал
Диего Коста се враќа во Шпанија?
Одличниот напаѓач Диего Коста наскоро би можел да добие нов клуб.
Последниот ангажман на Коста беше во Атлетико Минеиро, но клубот го напушти во јануари оваа година.
Рајо Ваљекано сега му понуди едногодишен договор со опција за продолжување на уште една година, а треба да се напомене дека тој веќе има настапувано за овој клуб.
Сега се чека одговорот на искусниот напаѓач, кој треба да донесе конечна одлука во наредните денови.
Во својата богата кариера Диего Коста смени многу клубови. Во Европа пристигна како тинејџер во 2006 година, а играше за Брага, Пенафиел, Атлетико Мадрид, Селта, Албасете, Ваљадолид, Рајо Ваљекано и Челзи.
Минатата година реши да се врати во Јужна Америка. Тој избра да потпише за Атлетико Минеиро, каде што остана само неколку месеци и постигна пет гола на 19 одиграни натпревари.