Connect with us

Фудбал

Диего Симеоне останува тренер и најплатен на светот

Диего Чоло Симеоне од „проблематичниот“ Атлетико направи еден од најмоќните клубови на светот.

Симеоне веќе десет сезони со успех го предводи тимот на Атлетико Мадрид, а сезонава што измина на изненадување на многумина стигнаа и до шампионската титула во Шпанија.

Симеоне во Атлетико дојде во 2011 година и оттогаш освои два трофеи во Лига Европа, две шампионски титули во Ла Лига, а играше и две финалиња во Лигата на шампионите.

Според неофицијалните информации од Пиринеите, Аргентинецот ја задржа старата палта и нема да заработува помалку од она што го имаше. А не е исклучено да добие повеќе пари.