Connect with us

Тајмаут

Дилета Леота доби сериозна конкуренција, згодната Албанка ги шармираше Италијанците (ФОТО)

Синди Марина ги шармираше Италијанците.

Во четвртокот вечерта Милан ја совлада Рома со 3-1 на „Сан Сиро“ во натпреварот од 20. коло на италијанската Серија А.

„Росонерите“ иако ослабени, остварија значајна победа и остануваат во трката за скудетото, додека Рома на Мурињо повторно потфрли и е далеку од некои големи достигнувања оваа сезона.

Дербито на „Сан Сиро“ беше можност и за Италијанците да ја запознаат младата и згодна новинарка Синди Марина, Албанка родена во Чикаго. Интересно е што поранешната учесничка на Мис Универзум претходно беше и одбојкарска репрезентативка на Албанија.

Марина е родена во Чикаго и го добила името Синди по познатата манекенка Синди Крафорд. Нејзиниот татко играл аматерски фудбал во Албанија, а нејзината мајка била одбојкарка во Албанија и Италија.

Таа тргна по стапките на нејзината мајка, стигнувајќи до сениорската репрезентација на Албанија, станувајќи најмладиот играч во историјата на таа репрезентација – со само 17 години.

Но, таа рано се повлече од Албанија и стана дописник на програмата „Оверспорт“ која ги пренесува натпреварите од Серија А во Албанија и Косово. Покрај тоа, таа во неколку наврати го следеше Милан на Сан Сиро, вклучително и неодамна против Рома.

Во моментов таа не е на нивото на нејзината далеку попозната колешка од Италија Дилета Леота, но многумина и се восхитуваат на нејзината убавина …

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Marina (@cindymarinaa)