Тајмаут
Дилета се јави во живо на програмата, а потоа доживеала бизарен проблем и сето тоа го покажала на Инстаграм (ВИДЕО)
Фудбалерите на Интер синоќа во дербито од 21. коло на Серија А на домашен терен го победија Лацио со 2:1.
Интер во одлична партија успеа да дојде до нови три бода и да ја задржи првата позиција на табелата во Серија А.
Натпреварот на Меаца го следеше и италијанската новинарка Дилета Леота која во живо од теренот се појави на телевизиската програма ДАЗН.
Но популарната новинарка имаше големи проблеми синоќа на Меаца, а тоа го откри на својот Инстаграм профил.
Имено, кога влегла во програмата ја изгубила петицата на чизмата затоа што ногата и се заглавила во навлака која била блиску до телевизиската опрема ДАЗН. Сето тоа го снимила една нејзина колешка, а Дилета со насмевка покажала што всушност се случило.
Сепак, до крајот беше многу професионална и си ја заврши работата без разлика на „тешкотиите“ кои ги имаше речиси во текот на целиот натпревар.