Кошарка
Димитријевиќ е слободен играч, Валенсија го раскина договорот
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ од денеска е слободен играч, откако шпанскиот им Валенсија соопшти дека го раскина договорот .
Ненад Димитријевиќ, минатата сезона играше на позајмица во руската екипа Уникс Казан, тој во Валенсија пристигна во 2021 година од Хувентуд, во сезоната 2021/22 одигра 33 натпревари и имаше учинок од 8,4 поени, 1,5 скокови и 3,9 асистенции.
Македонскиот кошаркар минатата сезона заедно со Уникс Казан ја освои ВТБ-лигата и беше прогласен за МВП во финалната серија.