Кошарка
Димитријевиќ со победа се врати во Хувентуд по прележаниот коронавирус
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ се врати во составот на Хувентуд по прележаниот коронавирус одигрувајќи 19 минути во триумфот над Сарагоса од 88: 81 во рамки на 13. коло во шпанското првенство.
Димитријевиќ имаше ефект на паркетот од пет поени (1/5 шут од игра, 3/4 од линијата за слободни фрлања) и четири асистенции.
Ова беше 11. меч во сезоната за Хувентуд во „Ендеса“ лигата, и осма победа.