Connect with us

Други спортови

Димитров побарал само една работа од Никол за да останат заедно

Бугарскиот тениер Григор Димитров подолго време е во љубов со пејачката и модел, Никол Шерцингер, но неодамна беше откриено која е причината што оваа двојка функционира беспрекорно на далечина. За ова искрено говореше Димитров, моментално 19. тенисер во светот.

-Тенисот ме кочи во се. Тешко е да имаш и пријатели и девојка. Пријателите можам да ги избројам на прстите на една рака, Не можам ништо да планирам– изјави Димитров па додаде:

-Понекогаш, со денови не се слушам со Никол, затоа што двајцата сме посветени на работата. И реков дека за мене тенисот е на првото место, и дека тоа може да го прифати, или пак да го остави. И го прифати тоа.

Пред да биде со популарниот „Гришо”, Никол Шерцингер беше во врска со шампионот на Формула 1, Луис Хамилтон, додека пак Димитров се „дружеше” со своите колешки од светот на тенисот, Серена Вилијамс, и Марија Шарапова.