Connect with us

Фудбал

Динамо назначи четврти тренер оваа сезона

Доскорешниот тренер на полски Лех, Ненад Бјелица е новиот шеф на стручниот штаб на Динамо Загреб, објавено е на веб-страницата на хрватскиот шампион.

Клубот од „Максимир“ и покрај освојувањето на титулата, вчера го отпушти тренерот Николај Јурчевиќ, а замена најде во човекот што покрај Лех во неговата кариера работеше во Специја, Австрија Виена и неколку австриски нисколигаши.

Пристигнувањето на хрватскиот тренер донесе можност Динамо да ангажира неколку играчи од полскиот шампионат, а меѓу нив се спомнува и најдобриот стрелец на лигата, Бразилецот Карлит, кој постигна 24 гола оваа сезона во дресот на Висла.

Бјелица е четвртиот тренер на Динамо оваа сезона по Јурчевиќ, Игор Цвитановиќ и Ивајло Петев, а до крајот на сезоната, клубот ќе се обиде да дојде до двојна круна, бидејќи е финалист во националниот куп каде ќе се сретне со најголемиот ривал Хајдук од Сплит.