Фудбал
Динамо падна на Максимир и ја затвори вратата од нокаут фазата, ремина на Сити и Дортмунд, пораз на Реал
Се одиграа натпреварите од 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а Динамо беше апсолутно надигран од Милан на Максимир и забележа пораз од дури 0:4.
Не се чинеше дека Динамо ќе доживее катастрофа на овој натпревар бидејќи одигра многу добро од самиот почеток на натпреварот.
Една грешка во 39. минута ги чинеше примен гол во првото полувреме и со 0:1 за Милан се замина на одмор.
Се очекуваше Динамо уште од стартот да нападне во вториот дел и да тргне на гол со кој ќе израмни, но тоа не се случи.
Причината е страшната грешка на одбраната на Динамо која се случи во 49. минута, која ја искористи Леао и погоди за 0:2.
Натпреварот беше решен во 59. минута кога беше досуден пенал за гостите, а Жиру беше сигурен од белата точка.
Конечниот резултат беше дело на Љубичиќ, кој на комичен начин си постигна автогол и со тоа го потврди убедливиот пораз на својот тим.
По оваа победа Милан со едната нога зачекори во следната фаза од Лигата на шампионите.
Борусија Дортмунд и Манчестер Сити одиграа нерешено, а навивачите не видоа ниту еден гол на овој натпревар.
Најдобрата шанса на натпреварот ја имаше Махрез во 58. минута, кој не успеа да го реализира пеналот досуден за неговиот тим.
Селтик и Шахтјор ги поделија бодовите, а конечниот резултат гласеше 1:1. Домашните по првото полувреме имаа водство од 1:0, а стрелец на голот беше Џакумакис во 34. минута.
Бод на Шахтјор на овој натпревар донесе Мудрик со гол во 58. минута, а до крајот на натпреварот немаше промена на резултатот.
Реал Мадрид е поразен на гостувањето кај Лајпциг. По само 18. минута Лајпциг имаше водство од 2:0.
Најпрвин Гвардиол погоди во 13. минута, а пет минути подоцна Нкунку погоди за водство на својот тим од 2:0.
Винисиус Јуниор постигна гол за 2:1 во 44. минута, а со тој резултат заминавме на одмор и се очекуваше многу подобра игра од Реал во вториот дел.
Лајпциг одигра одлично во второто полувреме, а на крајот победи со 3:2, а третиот гол за Лајпциг го постигна Вернер во 81. минута од натпреварот.
Конечниот резултат го постави Родриго со гол од пенал, а голот го постигна во судиското надополнување со што само го олесни поразот на Реал Мадрид.