Connect with us

Други спортови

Директорот на Австралија опен: Сакам да го видам Ѓоковиќ како игра со нас

Директорот на турнирот на Австралија Опен – Крег Тајли, зборуваше за медиумите откако беше посочен како главен виновник за целата ситуација што се развива низ светот број 1 во тенисот – Новак Ѓоковиќ. Србинот е приведен поради неправилни документи, а властите констатирале неправилности во неговата дозвола за учество, која ја добил, иако не бил вакциниран. Многумина потоа го обвинија Тајли дека му дал лажни информации на Ѓоковиќ и другите на неговата позиција.

Шефот на австралискиот тенис демантираше дека му дал погрешни информации на познатиот Србин.

„Од самиот почеток на сите им кажавме дека нивното учество оди преку вакцинација. Затоа половина од тенисерите на УС Опен беа вакцинирани, а кај нас процентот ќе биде 97%.

Вистината е дека постои недостаток на синхроничност меѓу австралиските власти и оние во државата Викторија на тема медицинско ослободување од вакцинација.

Баравме да ги разгледаат сите барања за невакцинирани дозволи, побаравме помош од нив, но тие одбија. Цело време бевме убедени дека ја правиме вистинската работа“, изјави Тајли.

На крајот од него беше побарано да прогнозира како ќе заврши сагата со Ѓоковиќ и дали на Србинот ќе му биде дозволено да учествува, што треба да се реши во понеделник, на што Тајли одговори – многу би сакал да го видам како игра во Австралија. !

Реклама

Facebook

Реклама