Connect with us

Фудбал

Директорот на Јувентус отпатува во Лондон на состанок со челниците на Челзи

Јувентус се уште го нема решено прашањето за нов тренер откако Масимилиано Алегри доби отказ.

Се очекуваше „Старата дама“ веднаш по завршувањето на сезоната да го објави името на новиот тренер, но тоа не се случи. Јувентус се поврзуваат неколку тренери, но сите се сигурни дека на крајот тоа ќе биде Маурицио Сари.

Сари минатот лето го презеде Челзи, но по само една сезона би можел да се врати во Италија. Медиумите во Италија веќе неколку пати  пренесоа дека Сари се согласи на условите на Јувентус, но сега проблем прави Челзи.

Во лондонскиот клуб не сакаат туку така да ја раскинат соработката и да го пуштат Сари да замине во Јувентус. „The Sun“ објави дека тоа ги налути челниците на италијанскиот клуб затоа што „Плавите“ ветиле дека нема да прават проблеми.

Директорот на „Старата дама“ Фабио Паратичи отпатува во Лондон за да разговара со челниците на Челзи. Сака да ги убеди да го пуштат Сари без обесштетување, а тоа очигледно не им одговара.

Сари може веднаш да замине ако Јуве плати пет милиони евра, но „Старата дама“ во замена го нуди Гонзало Игуаин на позајмица без никакви трошоци. Дали ќе успеат да се договорат останува да видиме.