Други спортови
Дисквалификуваната Јапонка го освои Ролан Гарос!
Јапонската тенисерка Мију Като и германскиот играч Тим Пуц денеска ја освоија титулата на Отвореното првенство на Франција, во конкуренција на мешани двојки.
Тие во финалето ја совладаа канадско-новозеландската двојка Бјанка Андреска/Мајкл Венус со 4:6, 6:4, 10:6, за еден час и 35 минути.
Ова е воедно и прва грен слем титула во кариерата за Јапонецот и 35-годишната тенисерка.
Като (28) во неделата беше дисквалификувана од женска конкуренција во двојки, бидејќи во осминафиналето ненамерно удри во собирачот на топки.