Connect with us

Кошарка

Доби 193.000.000 долари, но не може да игра бидејќи е дебел!

Крилниот центар на Њу Орлеанс Пеликанс, Зион Вилијамсон, не може да најде постојан ритам на откако ја започна својата НБА кариера поради бројните повреди кои го оддалечуваат од терените. Сезонава тој веќе пропушти 35 од 65 натпревари поради повреда на тетивата која долго време го мачи. Вилијамсон го пропушти и Ол-стар натпреварот, а според последните информации неговото враќање на паркетот се уште не е блиску.

Овој проблем го има од почетокот на годината, па често пропушта неколку натпревари, за да се врати и повторно да одигра неколку натпревари. Оваа сезона тој ги одигра првите три натпревари и пропушти два, потоа одигра осум, потоа ги одмори следните три, потоа состави 14 натпревари без пауза, но потоа пропушти повторно три и на крајот ќе мора да одмори уште 30 или нешто повеќе. Сега таа повреда на тетивата и ќе мора да паузира подолго. Оваа сезона веројатно е завршена за него. Корпулентниот крилен центар со години има проблеми со колената, а главната причина се неговите 140 килограми.

Гласините кои го следат од година во година откако беше драфтуван како прв пик во 2019 година, дека не може да биде константен и дека често ќе се повредува поради огромната тежина, се остварија. За речиси четири години поминати во НБА, Вилијамсон пропушти дури 60% од натпреварите или 114 од 293. Летово потпиша нов максимален договор за 193 милиони долари, кој со бонуси би достигнал 231 милион долари. Новото продолжување на соработката кое го парафира укажува на тоа дека организацијата му верува и не планира така лесно да се откаже од својот најдобар играч.

Advertisement