Connect with us

Фудбал

Доби суспензија од 12 години поради кокаин, ја одлежа и се врати на теренот на 46 годишна возраст

Поранешната ѕвезда во Серија А беше суспендиран во 2010 година на 12 години поради позитивен тест за кокаин, а таа суспензија стави крај на неговата сериозна кариера. Флаки копнееше по фудбалот и реши да се врати на терените на 46 години. Тој играше за петолигашот Сигна 1914 и тврди дека се чувствува одлично, иако беше надвор од игра по 30 минути.

„Се чувствувам навистина добро. Можев да играм повеќе, барем до полувреме“, рече Флаки и додаде:

„Овој ден ги поништува тие 12 години казна. Ова за мене е преродба и доказ дека сум нов човек“, истакна Флаки.

Флаки најдобрите денови во кариерата ги помина во Сампдорија каде настапуваше од 1999 до 2007 година.

Сепак, тој остана запаметен по бројни скандали. Во 2006 година беше суспендиран на два месеци поради давање информации на обложувалниците, а во 2007 година беше суспендиран на две години поради употреба на кокаин и тука заврши неговата кариера. Се обиде да се врати. Но, новиот позитивен тест донесе и огромна суспензија од 12 години и тој мораше да се збогува со кариерата.