Фудбал
Добива 20 милиони евра годишно, но ќе се откаже од нив само за да игра за Барселона
„Мундо Депортиво“ објави интересна вест поврзана со Барселона. Како што е познато овој клуб е во доста тешка финансиска состојба, но на секој можен начин се обидува да се засили за вториот дел од сезоната.
Како што е познато случајот со Дани Алвеш кој се врати во Барса и игра за минимална плата од еден милион евра, може да се повтори.
Имено, менаџерот на поранешниот играч на Челзи, Бразилецот Оскар, го понудил играчот на Барселона. Киа Јорабчиан е менаџер исто така на Фелипе Кутињо, па кога се договарала неговата преселба во Астон Вила, менаџерот го понудил Оскар. Наводно Бразилецот е подготвен да се откаже од 20-те милиони евра кои годишно ги заработува во Кина, само за заигра за Барселона.