Ракомет
Добредојде за Еурофарм во ЛШ, ракометната елита се враќа во Битола!
Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник ќе игра во најелитното европско клупско натпреварување EHF Champions League.
Европската куќа на ракометот објави дека по пауза од 14 години Лигата на шампионите се враќа во ракометна Битола.
Еурофарм Работник за само три години невозможното го направи возможно .Cо голема посветеност и напорна работа стигнa до врвот, а моментално тоа е учество во Лигата на шампионите на ЕХФ.