Connect with us

Фудбал

Добри вести, македонските навивачи ќе можат да патуваат во Италија и да навиваат за Македонија

Амбасадата на Италија во земјава информира дека почнувајќи од денеска, 1 март, па сѐ до 31 март, кога се очекува да заврши вонредната состојба во Италија, повеќе ќе нема ограничувања за влез во таа земја.

– Ќе може да се влезе и за туристички патувања, со приложување на Европскиот ковид-сертификат, добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА. Алтернативно, ќе може да се влезе во Италија и со потврда/сертификат за оздравување или со прикажување негативен молекуларен или антигенски тест, од кој се ослободени децата до шест години. При влез во земјата задолжително треба да се приложи и дигиталниот формулар за лоцирање патници PLF (Passenger Location Form), соопшти Италијанската амбасада.

Инаку, мечот Италија – Македонија се игра на 24-ти март во Палермо, полуфинален дуел од баражот за пласман на СП во Катар, а победникот од овој меч ќе игра против победникот од дуелот Португалија-Турција.