Фудбал
Добри вести во Ливерпул
Неколку клучни играчи на Ливерпул ќе се вратат во составот за 20. премиерлигашки натпревар против Лестер. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп во пресрет на натпреварот објави дека Вирџил ван Дајк, Кертис Џонс, Тиаго Алкантара и Фабињо ги продолжиле тренинзите во групата.
„Да, сите момчиња кои имаа коронавирус и оние кои беа изолирани се вратија“, рече Клоп.
Ливерпул денеска ќе се соочи со Лестер.