Тајмаут
Добро утро згодно момче-Заносната манекенка ја откри врската со младиот фудбалер, а сите мислеа дека е во љубов со Влаховиќ (ФОТО)
Каролина Страмаре на социјалните мрежи потврди дека е во врска со млад фудбалер.
Душан Влаховиќ засега успева да го сокрие приватниот живот, но цела Италија зборува за тоа дека тој е во врска со италијанската манекенка Каролина Страмаре. Таа дури ги коментираше неговите натпревари во Јувентус, но беше откриено дека тие повеќе не се заедно, додека сега Каролина откри дека започнала нова љубовна врска.
„Госпоѓицата на Влаховиќ“ на Инстаграм јавно сподели фотографии со уште еден фудбалер – Пјетро Пелегри. Станува збор за фудбалер кој исто така настапува во Торино, само за истоимениот клуб, а претходно беше во врска со Викторија Михајловиќ, ќерката на покојниот Синиша Михајловиќ. Сепак, се чини дека и ним тоа не им успеа, па Пелегри повторно почна да излегува и веќе неколку месеци е во врска со Каролина.
“Синоќа заспав мислејќи дека нема да сменам ништо меѓу нас двајца. Утрово се разбудив мислејќи на истото, само порешително. Добро утро згодно момче…”, напиша Каролина Страмаре на Инстаграм со заедничка фотографија, додека Пелегри се огласи и напиша дека „со неа открил што е љубов“.