Тајмаут
Додека Ѓоковиќ играше, позната манекенка страсно бакнуваше девојка на централниот терен (ФОТО)
Кара Делевињ не се грижеше за камерите во Ол Ингланд клубот. Една од најбогатите Британки се препушташе на страстите со својата девојка Минке додека еден од најдобрите тенисери беше на теренот.
Поради полицискиот час на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ мораше за два дена да ја заврши работата против Полјакот Хуберт Хуркач за да влезе во четвртфиналето на Вимблдон и немаше поголема драма. Србинот се пласираше помеѓу осумте најдобри со победа од 7-6(6), 7-6(6), 5-7, 6-4.

Ако недостигаше возбуда на тревникот на централниот терен на Ол Ингланд клубот, тоа дефинитивно го немаше на трибините. Англиската манекенка и актерка Кара Делевињ (30) разменила бакнежи со својата девојка Минке (31), чие вистинско име е Леа Мејсон.