Connect with us

Тајмаут

Додека неговите соиграчи се подготвуваат, италијанскиот фудбалер „лумпува“, ќе има ли казна?!

Иако фудбалерите на Лацио веќе почнаа да се подготвуваат за следната сезона, сепак го немаат најдобриот напаѓач на римскиот тим Чиро Имобиле, кој самоиницијативно реши да го продолжи одморот.

Немаше да има ништо спорно доколку италијанскиот напаѓач не го ставеше уживањето пред професионалните обврски и задоцни да се врати на подготовките за Лацио. Вечерта пред собирот на играчите на римскиот клуб на подготовки, Имобиле објави видео од еден од шпанските острови, каде максимално ужива без да се грижи за професионалните обврски.

Италијанските медиуми пишуваат дека тогаш во Лацио се воделе лекарски прегледи пред почетокот на подготовките, а искусниот голгетер очигледно не се појавил. Клубот сигурно ќе го казни поради тоа, секако во моментот кога ќе реши да му се приклучи на остатокот од тимот во Рим. Бидејќи зборуваме за човек кој има голема „заслуга“ кај небесно-сините менаџменти, поради неговите заслуги во претходните години, за очекување е казната да не биде драконска, но секако на „Олимпик“ не се пресреќен од примерот на најдобриот стрелец во историјата на клубот.