Фудбал
Договор кој предизвикува главоболки, Покетино го држи ПСЖ во рака
ПСЖ има лоша сезона и покрај тоа што е убедливо лидер во Лига 1 каде што најверојатно ќе освои нова француска титула. Парижаните испаднаа во осминафиналето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид и тоа беше болен удар за сите во ПСЖ. Многу се пишуваше за соблекувалната на тимот, поединечните играчи, нивниот пристап и односот со тимот.
D’après @lequipe, Mauricio Pochettino coûterait 1,1 M€ par mois au PSG. 😨 pic.twitter.com/Mb2vGbBUHB
— BeFoot (@_BeFoot) March 22, 2022
Се зборуваше и за заминувањето на Лионел Меси, кој зад себе има скромна сезона и се чини дека доаѓањето во ПСЖ не беше вистинскиот потег за еден од најдобрите фудбалери на денешницата.
Мета беше и тренерот Маурисио Покетино и неговото евентуално заминување од клупата на ПСЖ, но парижаните тука треба да бидат внимателни.
Според пишувањата на француските медиуми од утринава, Покетино би го чинел ПСЖ околу 1,1 милион месечно во случај на отказ, а има договор до летото 2023 година, па касата би била добро испразнета доколку челниците на ПСЖ до лето решат да го раскинат договорот.
Сигурно ќе биде бурно во Париз, тоа е без сомнение. Се зборува за заминување на уште некои играчи.