Connect with us

Фудбал

Договорите се чудо: Кавани има два милиони евра ако не добие нов договор на „Олд Трафорд“

Единсон Кавани се покажа како многу добро засилување за Манчестер Јунајтед.

Искусниот 34-годишен фудбалер постигна шест гола и забележа две асистенции на 17 настапи во Премиерлигата, но се уште не е познато дали Кавани ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“ и следната сезона.

Опцијата за раскин на договорот постои од двете страни, но доколку Јунајтед одлучи да ја раскине соработката, ќе треба да платат на Кавани два милиони евра.

Судбината на уругвајскиот напаѓач ќе биде позната многу скоро. Раководството на клубот ќе донесе конечна одлука, а треба да се напомене дека менаџерот Оле Гунар Солскјаер навистина го посакува во тимот.

Кавани планира да ја заврши својата кариера во Јужна Америка и ќе видиме дали тој ќе замине таму уште ова лето.