Connect with us

Фудбал

Договорот е факт: Обамејанг е играч на Барса

Пјер-Емерик Обамејанг е играч на Барселона, објави Фабрицио Романо. Двете страни успеаја да се договорат за слободен трансфер во последните минути од прозорецот.

Договорот помина низ многу перипетии, но на крајот Габонецот ги помина лекарските прегледи на Ноу Камп и сега е дел од Каталонците. Самиот играч направи сериозен компромис, бидејќи прифати драстично намалување на платата.

Се очекува официјална потврда од Барса.