Фудбал
Доколку Мурињо сака да дојде кај нас, парите не се проблем
Првиот човек на Беенфика Луис Филипе Виеира порача дека за Мурињо вратата на клубот е отворена.
Откако Мурињо доби отказ од Манчестер Јунајтед, голем број на реномирани клубови покажаа интерес за неговите услуги, меѓу кои е и Бенфика на чие чело е Луис Филипе Виеира кој е во добри односи со португалскиот стратег.
Од страна на Бенфика наводно на Мурињо му било понудено да го води овој клуб до крајот на сезоната, па потоа сам да одлучи дали ќе остане или не, а во целата приказна за клубот од Лисабон, ниту големата плата која ја бара Мурињо не би требало да претставува проблем.
„Со Мурињо сме големи пријатели. Ние сакаме тренери кои можат да ни гарантираат успех, а ако Мурињо каже дека сака да дојде, без проблем ќе стане наш тренер. Пари? Тоа не е проблем за Бенфика, барем не во овој момент“ кажа Виеира во разговор за „Mundo Deportivo“.
Иако работат за Мурињо во Бенфика не е толку интересна, многумина во Португалија го провоцираат дека би требало да ја прифати понудата и повторно да докаже зошто ја носи титулата за еден од најдобрите тренер на светот.
Самосталната тренерска кариера Мурињо ја започна во Бенфика.