Connect with us

Фудбал

„Доколку победам на изборите, Меси ќе остане во Барселона“

Кандидатот за претседател на Барселона, Жорди Фаре, вети дека Меси ќе остане во Барселона доколку победи на изборите.

Секако сето ова е поврзано со барањето на Меси од минатото лето, кога тој сакаше да го напушти клубот незадоволен од резултатите.

„Меси ќе остане ако победим. Ќе го кажам тоа и датумот. Ќе биде 25 јануари, ден по изборите. Тој сака да остане во Барселона и тоа е она што јас многу добро го знам. Ќе работиме само за тоа“, рече Фаре.

Првата sвезда на Барселона не само што не беше задоволна од резултатите, туку и од управата на клубот, но неговото заминување го блокираше тогашниот претседател на клубот, Бартомеу.

Сепак, договорот на Меси истекува следната година, што значи дека тој може да преговара со новиот клуб во јануари.