Connect with us

Кошарка

Документарен филм: Леле, луѓе што направивме, радувај се Македонијо!

По повод десетгодишнината од огромниот успех на македонската кошаркарската репрезентација, која беше четврта на Европското првенство, денеска беше одржана прес-конференција за промоција на документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо“.

Насловот е инспириран од легендарната изјава на Владо Илиевски по победата над Литванија во четвртфиналето.

„Филмот е инспириран од најголемиот успех на една македонска репрезентација на големите натпреварувања. Снимен е во две продолженија, а на него работеше една мотивирана, млада, но искусна екипа. Идејата е на уредникот на порталот КОШ.МК, Љубомир Ошавковски, а несебична поддршка дадоа КФСМ, МОК; АМС и уште неколку комерцијални спонзори кои ја препознаа идејата и делото кое останува за идните генерации како презентација на тој голем национален успех и големата национална радост што се случи во 2011 година.

Телевизиската премиера на документарниот филм ќе се одржи на 13 и 14 ноември, од 20:45 часот на Телевизија 24“, изјaви извршниот продуцент на филмот Сотир Сотировски.

 

Реклама

Facebook

Реклама