Connect with us

Фудбал

Долго ќе зборуваат за тоа што Невил му направи вечерва на Пол Сколс

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил (47) се присети денеска на своето деби во дресот на „црвените ѓаволи“.

Овој дефанзивец го направи своето деби со Сер Алекс Фергусон на 16 септември 1992 година. Невил ќе го памети тој ден додека е жив и реши да го памети тој многу важен датум за него со посвета на социјалните мрежи.

„Пред 30 години, на 16 септември 1992 година, дебитирав за Манчестер Јунајтед на мечот против Торпедо Москва. Да умрев следниот ден, играв за Јунајтед, а тоа беше сон“, напиша Гери Невил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gary Neville (@gneville2)

Неговиот поранешен соиграч и член на чудесната генерација на Јунајтед од 90-тите, Пол Сколс, реши брутално да го изневери својот поранешен колега.

Се одлучи за црн хумор, па на својот колега со кој одигра стотина натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“ му рече:

„Тоа беше сон и на еден навивач на Манчестер Јунајтед“, алудирајќи на тоа дека сака Невил да умре затоа што беше многу лош како играч.

Се разбира, ова беше шега. Сколс можеби малку претера, но сигурно е дека Невил нема да му биде должен.

Гери Невил е една од легендите на Манчестер Јунајтед. Тој играше за клубот од 1992 до 2011 година и забележа вкупно 602 настапи, постигнувајќи седум гола.

Од друга страна, Пол Сколс играше од 1993 до 2013 година со една сезона пауза. Тој одигра 718 натпревари и постигна 155 голови.

И двајцата учествуваа во најголемите успеси на „црвените ѓаволи“. Тие беа златната генерација која вклучуваше многу легенди како Рајан Гигс, Дејвид Бекам и многу други.