Connect with us

Фудбал

Долгогодишниот рекорд вчера падна: Шпанија поразена во мундијалски квалификации по 1993 година

Шведска синоќа славеше со 2-1 против Шпанија со што стави крај на фантастичната серија на Шпанците кои 28 години не знаеја за пораз во квалификациите за Светските првенствна.

Данска е последната селекција која пред 28 години беше подобра од „црвената фурија“.

Претходниот пораз на Шпанија во мундијалските квалификации беше во 1993 година кога со резултат од 1-0 загубија на гостувањето кај Данска. Интересно е тоа што во овој меч боите на Шпанија ги бранеше сегашниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.