Фудбал
Доминација како никогаш досега-Следната сезона Италија со шест, а Германија со пет екипи во Лигата на шампионите!
Клубовите од Серија А и Бундеслигата доминираат во европскиот фудбал. По триумфот на Борусија Дортмунд над ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите и официјално беше потврдено дека на Италија и Германија ќе им бидат загарантирани пет места во новата сезона од елитното натпреварување.
Следната сезона од Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат со 36 клубови.
Италија би можела да има и рекордни шест екипи во Лигата на шампионите доколку Рома или Аталанта, кои вечерва ги играат полуфиналните натпревари од Лига Европа, не завршат меѓу петте најдобри во Серија А, а моментално се на петтото и шестото место позиции.
Така, според досегашниот изглед на табелите во Серија А и Бундеслигата, во следната сезона од Лигата на шампионите би следеле Интер, Милан, Јувентус, Болоња и Рома. Меѓу германските клубови во друштво на најдобрите би биле Баер Леверкузен, Баерн, Штутгарт, Лајпциг и Борусија Дортмунд.
Од друга страна, Премиер лигата и Примера ќе имаат по четири претставници во елитата.