Фудбал
Доминираше со Манчестер Јунајтед, освои 14 трофеји, сега е непрепознатлив
Прославениот фудбалер на Манчестер Јунајтед Брајан Меклер денес изгледа толку непрепознатливо што дури и навивачите на „црвените ѓаволи“ имаат проблем да погодат за кого станува збор.
Меклер е вистинска легенда на Манчестер Јунајтед и шкотскиот фудбал. Тој одигра речиси 400 натпревари за големиот тим од Олд Трафорд и освои дури 14 трофеи во периодот од 1987 до 1998 година.
Меѓу другото, освои четири титули во англиската Премиер лига, а по фудбалската кариера се посвети на тренерската работа.
Тој го водеше тимот на Блекбурн, а потоа работеше цели 10 години до 2015 година како прв човек на Академијата на Манчестер Јунајтед.
Со текот на годините, тој реши целосно да го промени својот изглед. Пушти долга коса и брада, а навивачите на Јунајтед денес имаат проблем да го препознаат. Само најголемите фанатици го препознаваат на прв поглед.