Фудбал
Донарума ја одби понудата од Ливерпул
Се намали бројот на потенцијални кандидати за голманската позиција во Ливерпул.
Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума ја отфрли понудата за трансфер во Ливерпул, а неговиот менаџер Мино Раиола изјави дека неговиот клиент би сакал да остане на Сан Сиро до крајот на кариерата.
По катастрофалните реакции во финалето од Лигата на шампионите, челниците на Ливерпул во текот на летниот преоден рок ќе се обидат да на најдат алтернатива за Лорис Кариус, а на листата на потенцијални засилувања се Јан Облак, Алисон Бекер, Џек Батланд и Каспер Силесен.