Connect with us

Кошарка

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома (ВИДЕО)

Лука Дончиќ брзо заборави на страшната игра пред два дена, а синоќа блесна и му донесе израмнување во серијата на Далас против Оклахома Сити. Откако шутираше 1/8 од тројки на првиот дуел кој Далас го загуби со 117:95 и постигна „само“ 19 поени, синоќа Дончиќ беше на своето ниво и тоа веднаш се одрази на резултатот. Далас победи на гостински терен со 119:110, а Дончиќ постигна 29 поени со дури пет тројки, а на тој учинок додаде и 10 скока и 7 асистенции.

Иако Кајри Ирвинг не беше на неговото ниво (9 поени, 11 асистенции), голема помош на Дончиќ му пружи П.Ј. Вашингтон со 29 поени и 11 скока. На другата страна единствен расположен за игра беше Шаи Гилгеус-Александер со 33 поени, 12 скока и 8 асистенции. Синоќа се одигра уште еден натпревар во кој Кливленд направи изненадување и го победи Бостон на гостински терен со резултат 118:94 и израмни на 1-1 во серијата.

Advertisement