Connect with us

Кошарка

Дончиќ дојде на меч со „тенк“ од 200.000 долари (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ на натпреварот помеѓу Далас и Атланта претходната вечер дојде во „тенк“, како што често ја нарекуваат машината со која управува најдобриот играч на Маверикс.


Станува збор за специјална серија на компанијата „Џип“ под името „Апокалипса 6х6“, па обезбедувањето се воодушеви кога ја виде на паркингот. „Ѕверот“ што Дончиќ го донесе на мечот има 850 коњски сили, може да достигне 100 km/h за 3,7 секунди, а чини околу 200.000 долари. Интересно, досега во светот се продадени само 150 примероци од овој автомобил, што покрај се е и многу атрактивен.

За жал на Дончиќ, ова не му донесе среќа на натпреварот против Атланта. Хокси победија на гости со 130:122, а не помогнаа ниту 30-те поени на Словенецот.