Тајмаут
Дончиќ едвај чекаше да заврши Ол Стар викендот, а за се е виновна оваа згодна девојка
Четврти пат по ред Дончиќ беше учесник на Ол-старс, а цело време како да едвај чека да заврши „напорниот викенд“.
Тој одигра 19 минути на натпреварот и постигна само четири поени, подели уште пет асистенции и имаше два скока, што е статистика што не сме навикнати да ја гледаме од него. Додека другите како Џоел Ембиид, Кајри Ирвинг, Џејлен Браун, Донован Мичел, а особено Џејсон Тејтум (МВП со 55 поени), се обидуваа да стигнат до најлудите бројки – Дончиќ едвај чекаше целиот „циркус“ да заврши што поскоро. .
View this post on Instagram
Тој на прес-конференцијата изјави и дека ќе одговори само на пет прашања бидејќи го чека неговиот авион, а набрзо стана јасно дека кратката пауза во НБА лигата ја искористил за да одлета за Мексико со својата девојка Анамарија Голтес.

Лука Дончиќ доби слободен ден до среда и јасно е дека тоа време ќе го искористи да ужива со Анамарија, девојка која ја познава уште од тинејџерските денови. Започнале да излегуваат на 12 години, се запознале во Хрватска на брегот каде во тоа време летувале нивните семејства. Тие почнаа да се забавуваат неколку години подоцна и сега станаа една од најпознатите парови во НБА.

Анамарија извесен период беше танчерка, работеше и како фитнес инструкторка, а сега се занимава со манекенство. Завршила економија во Љубљана, а набргу потоа станала модел и била на насловната страница на некои од најпознатите светски магазини. Слободното време често го поминува со семејството на Никола Јокиќ.