Кошарка
Дончиќ го растури Бруклин, но за малку ќе настрадаше, поради него уапсен навивач (ВИДЕО)
Далас го совлада Бруклин како гостин по продолженија со 129:125. Фантастична партија одигра Лука Дончиќ кој мечот го заврши со 41 поен, 11 скокови и 14 асистенции. Но, во еден момент за малку ќе настрадаше. Имено, додека се изведуваа слободни фрлања, кон него од публиката навивач фрли чаша, а мечот веднаш беше прекинат. Според информациите, навивачот е уапсен. За среќа чашата заврши покрај Дончиќ.