Connect with us

Кошарка

Дончиќ ја „смири топката“, Маверикс здивна

Првата ѕвезда на Далас Маверикс Лука Дончиќ на крајот од регуларниот дел изјави дека нема намера да го напушти клубот.

Екстремно лошата сезона на Далас која заврши на 11. место крена многу прашина и озборувања, почнаа озборувања и гласини.

Една од нив беше објавена дека Дончиќ ќе го напушти тимот во 2024 година, доколку не се најдат соодветни засилувања. Словенецот демантираше.

„Го видов текстот. Не знам кој, некој рече дека ќе барам трампа… Чудно е, знаете, затоа што не знаев дека е вистина. Не го кажав тоа. Среќен сум овде, така што нема причина за грижа“, истакна Дончиќ.

Маверикс трејдуваа за Ирвинг и донесоа големо име, но резултатите само се влошија по тој потег. Откако го пресели Ирвинг од Бруклин, Далас ја заврши сезоната 8-17.

И покрај ова, Лука отсега го сака Ирвинг во тимот.

„Мислам дека совршено се вклопуваме. Се разбира, луѓето ќе речат: „Погледнете ги резултатите што ги имаме“. Но, како што реков – хемијата и врските бараат време. Би сакал тој да остане тука“, рече Дончиќ.