Фудбал
Донесена пресуда против навивачите на Хрватска со усташко знаме
Хрватската фудбалска федерација објави соопштение во врска со усташкото знаме кое се појави на трибините на натпреварот помеѓу Хрватска и Летонија.
„Општинскиот суд во Риека го извести Хрватскиот фудбалски сојуз дека е донесена пресуда против двајца обвинети за прекршок на натпреварот од евроквалификациите меѓу Хрватска и Летонија. Потсетуваме дека на натпреварот Хрватска-Летонија две лица во неколку наврати истакнале знаме забрането со закон, поради што УЕФА покрена дисциплинска постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз.
Општинскиот суд во Риека на првообвинетиот Д.Ц. му изрече парична казна од 1.300 евра, а второобвинетиот Д.С на затворска казна од 20 дена. Дополнително, на двајцата им е изречена заштитна мерка забрана за присуство на сите спортски натпревари на кои хрватската фудбалска репрезентација настапува на територијата на Република Хрватска со обврска да се пријават во полициска станица во траење од две години, како и за патувања во странство на натпреварите на хрватската репрезентација со обврска за приложување патна исправа и пријавување во полициска станица, исто така на две години. Понатаму, постапката против третото инволвирана е во тек, како и кривичната истрага која има за цел да ги расветли сите околности поврзани со овој настан.
Хрватската фудбалска федерација им се заблагодарува на надлежните органи за брзата и конкретна постапка и го поздравува казнувањето на лицата кои нанеле штета на угледот на хрватската држава со истакнување на забранети симболи. ХНС останува решен да ги преземе сите дополнителни правни чекори против лицата кои со своето намерно и насочено незаконско однесување и нанеле значителна штета на хрватската фудбалска репрезентација“.