Ракомет
Дополнителен мотив за ракометарите, еве го износот на паричните награди
Македонија вечерва против Украина го стартува Европското првенство. Главната цел е да се помине групата и потоа да се обезбеди пласман на Олимписките игри.
Но, ракометарите ќе имаат дополнителен мотив. РФМ донесе одлука за износот на премиите.
Доколку ја поминат групата, ќе поделат најмалку 30 илјади евра. Во случај да бидеме први во групата, ќе добијат дополнителни 10.000 евра, а уште 30.000 доколку се обезбеди место во олимписките квалификации.