Connect with us

Други спортови

Досега невидено видео: Еве што му рекол Хабиб на Мек Грегор додека го гушел во познатата борба

Пред шест години се одигра еден од најочекуваните ММА натпревари во кој Хабиб Нурмагомедов во четвртата рунда го победи Конор Мекгрегор со гушење, кој го одбрани и шампионскиот појас во лесна категорија, а сега УФЦ објави досега невидено видео кое откри што му зборувал Дагестанецот на Ирецот додека го тепал.

Тепачката имаше жестока увертира, особено што Мек Грегор со денови брутално го навредуваше Хабиб, а повеќе од 20.000 луѓе дојдоа во Т-Мобиле Арената. Тоа беше враќање на Конор во спортот ММА како и годината пред да одигра боксерски меч против Флојд Мејведер, кој исто така го загуби, но и двајцата заработија огромни пари.

Хабиб веднаш почна да го прави она што го прави најдобро во првата рунда, соборувајќи го Мекгрегор на подот и контролирајќи ја борбата до жица. На почетокот на втората рунда, Дагестанецот со деснo кроше успеа да го затресе Мекгрегор, а после тоа Конор повторно заврши на подот и доби тешки удари. Во третата рунда, Конор одлично се бранеше никогаш не завршија на земја, но во четвртата рунда тоа беше крај за Ирецот. Хабиб го заврши со гушење, а потоа дојде до позната тепачка со тимот на Конор, поради што Хабиб беше суспендиран.

На видеото кое го објави УФЦ, јасно може да се слушне што му зборува Хабиб на Мек Грегор додека го гуши во октагонот.

„Ајде сега да разговараме, да разговараме!“, му рекол Хабиб на Конор додека го удирал со жестоки удари по глава, а од неговиот агол се слуша:

„Убиј го! Скрши му ја раката, скрши му ја раката, скрши му ја раката“.

Во паузата меѓу рунди, се гледа Ислам Махачев како му вели на Хабиб:

„Хабиб, тој умира таму. Погледнете го, само погледнете го“.

После тоа Хабиб се сврте и кога го виде Конор извика:

„Ј####кучка“.

Кога го принуди Конор да се потчини во 4-та рунда, Хабиб го плукна и потоа му рече:

“Кучко! те сј**ав кучко!” Патем, ова беше најуспешниот настан во историјата на UFC откако се продадени 2,4 милиони PPV.

Advertisement