Фудбал
Драма на тренингот на Реал Мадрид, тешка повреда и солзи, под знак прашалник кариерата на еден од најдобрите!
Страшни вести доаѓаат од Мадрид! „Марка“ пренесува дека Тибо Куртоа во солзи го напуштил тренингот на Реал и очигледно го скинал менискусот на коленото! Еден од најдобрите светски голмани го засили Реал Мадрид во 2018 година кога пристигна од Челзи, а досега одигра 230 натпревари во дресот на „кралскиот клуб“.
Тој на почетокот на сезоната во август ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, а сега се чини дека десното е оштетено. Токму кога Белгиецот се врати на тренинзите, му се случи нов пех. Неговото враќање не беше долго планирано, но сега, во процес на опоравување, се чини дека го повреди второто колено, што може да му ја загрози кариерата.