Connect with us

Фудбал

Драма во Италија, фудбалер колабираше теренот, мечот Удинезе-Рома прекинат (ВИДЕО)

Драма во Удине! Натпреварот меѓу Удинезе и Рома беше прекинат на 20 минути пред крајот кога 24-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Еван Ендика колабираше на теренот.

Ендика претходно двапати се фати за гради, а судијата Парието веднаш реагираше и го повика лекарскиот тим да дејствува веднаш штом го виде поранешниот играч на Ајнтрахт на тревата.

Дефанзивецот на Рома беше изнесен од теренот на носилки, сликите не се воопшто пријатни, но попрецизни информации за неговата состојба засега нема. Италијанските медиуми јавуваат дека најверојатно се работи за помал срцев удар, но дека не била потребна употреба на дефибрилатор.

Во меѓувреме Ендика е пренесена во болница.

Охрабрувачки е тоа што момчето родено во Франција ниту еден момент не изгуби свест…