Фудбал
Драма во Милано, Интер сепак победи, Верона во 99-та минута не реализираше пенал (ВИДЕО)
Интер многу тешко ја совлада Верона на домашен терен со 2:1. Се доби впечаток дека ова ќе биде нова рутинска победа, откако во 13-та минута Мартинез постигна гол за 1:0 на асистенција на Мктаријан. Сепак, Верона во 75-тата успеа да израмни на 1:1 преку нововлезениот Анри.
Интер во 93-та преку Фратези, по грешката на гостинскиот голман поведува со 2:1, а во 99-та е досуден пенал за Верона. Сепак, токму Анри наместо херој стана трагичар, бидејќи не успеа да ја погоди мрежата.
Овој меч сигурно ќе предизвика бројни коментари и анализи, бидејќи гостите сметаат дека се оштетени, откако на голот за 2:1 претходеше удар (прекшок) во напад на Бастони над еден од гостинските играчи.