Други спортови
Дрита Ислами го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки
Атлетичарката Дрита Ислами на вчерашното Државно првенство во атлетика за младинци, по три години, успеа да го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки. Таа вчера имаше резултат од 58.66 што е најдобро време во оваа дисциплина.
Државното првенство за младинци во атлетика се одржа во Националната арена „Тодор Проески“