Тајмаут
Дрогба го провоцира Ибрахимовиќ со видео на босански: „Еј брат…“ (ВИДЕО)
Златан Ибрахимовиќ моментално е повреден и ќе мора да почека уште некое време.
Ибрахимовиќ во понеделникот објави видео од теретана како прави стомачни на боксерска вреќа и ги воодушеви сите.
Мускулите на Ибра дојдоа до израз, со кои тој покажа дека дефинитивно се уште не е за старо железо иако има 40 години.
View this post on Instagram
Многу познати спортисти го видоа Златан како вежба, а легендарниот Дидие Дрогба реши да го испровоцира Швеѓанецот со босански корени.
Дрогба на Инстаграм објави видео од вежбањето на неговиот пријател, а на Златан му се обрати на босански и англиски јазик.
„Еј брат Златан, гледај како го имитираш брат ми од Либерија. Погледнете што го натеравте да направи. Не е лошо…“, напиша Дрогба.
View this post on Instagram
Инаку, лицето од видеото е Секу Каласко Дамаро и има 45 години. Се уште се чека реакцијата на Ибрахимовиќ за провокацијата …