Connect with us

Фудбал

Друловиќ: Елмас е човекот на кој што Португалија треба да внимава

Српскиот стручњак Љубомир Дурловиќ кој краток период имаше можност да ја води Македонија во разговор со „Diario de Noticias“ го најави претстојниот судир меѓу Португалија и Македонија во плеј-оф финалето за пласман на Мундијалот во Катар.

„Пред сè, Македонија има многу обединет, скромен, кохезивен тим, кој работи напорно и има многу силен тимски дух. Играчите имаат квалитет и искуство од големи лиги како што се шпанската и италијанската. Имаат многу силна посветеност на тренерот, кој добро ги познава. Тие не се фудбалска сила, но секој тим што ќе игра против нив ќе наиде на тежок предизвик. Играат со контранапади, брзи се во офанзивните транзиции и ја искористуваат брзината на играчите во напад.

Елмас е човекот на кој што Португалија мора да внимава. Тој има многу силен шут и е многу опасен кога влегува од левата страна. Ако е во добар момент може да и создаде проблеми на Португалија“, смета екс селекторот на македонската репрезентација.