Фудбал
Дубаи му оддаде почит на Диего Марадона преку неговата најголема зграда
Фудбалскиот свет минатата недела беше шокиран од веста дека Диего Марадона починал на 60 година.
Марадона почина минатата среда во својот дом во Буенос Аирес, а оваа вест го шокираше фудбалскиот свет.
Многу познати луѓе се збогуваа со Марадона на посебни начини, а градот Дубаи му оддаде почит на големиот Ел Пибе, каде тој ја имаше функцијата спортски амбасадор.
Градот од Обединетите Арапски Емирати му оддадоа почит на Марадона на посебен начин затоа што објавија слика на Марадона на нивната најголема зграда „Бурџ Калифа“, а тоа ја воодушеви светската јавност.
